Џон Траволта по смртта на синот, сопругата и долготрајната  депресија: Се врати во живот – повторно е вљубен!

757

Славниот актер и пејач на хитот „Брилијантин“!

Холивуд и целиот свет, а особено неговите фанови веќе зборуваат за новата љубовна романса на популарниот актер и пејач Џон Траволта. Неговата скорешна свршеница се вика Кристина, а и таа е силно вљубена во Џон. Тој откако остана вдовец во 2020 година, кога му почина сопругата Кели Престон, не престана да тагува, беше и во долготрајна депресија.  Сепак, во меѓувреме самиот разбра дека мора да продолжи понатаму. Познанството, а потоа и пријателството со Кристина му помогна да се извлече од канџите на тагата силно измешана со депресијата. Пријателите на Траволта, а секако и неговото семејство, ја одобруваат оваа негова врска, сметајќи дека само така тажниот вдовец ќе може да се врати во живот.

– Џон е многу исплашен, откако му почина сопругата со која беше 30 години во брак. Тој е еден совршено добар човек, секогаш пријателски расположен, уште од она време на големиот филмски хит „Брилијантин“, кој го паметиме и по песните со Оливија Њутн Џон, која е исто така почината од иста болест како неговата сопруга. Многу тешки животни драми има доживеано овој човек за кусо време. Најпрво синот Џет му почина, потоа сопругата, а и споменатата колешка-другарка Оливија, велат роднините за Траволта.

Траволта и Кристина сега го снимаат филмот „Cash Out“, а според оние кои работат заедно со нив на сетот, хемијата меѓу нив е толку силна и речиси неопислива.

Луѓето кои ги виделе заедно велат дека тие очигледно се лудо вљубени. Џон кажува дека Кристина е умна и убава. Но тој откако се врати во нормала, го има сменето својот имиџ. Со избричена глава, со брадичка, темни очила и набиени мускули. Доколку Траволта не ја искористи шансата со Кристина, ќе остане сосема сам, така загрижено зборуваат и неговите деца.

Веројатно дека Траволта се плаши што ќе му кажат децата, но се чини дека и тие мислат дека Кристина е одличен избор и дека нивниот татко треба да се врати во нормалниот живот. Тагата по нивната мајка никогаш нема да исчезне, а тој треба да  продолжи понатаму.    Д.М.