Џон Траволта ги наплатува автограмите и селфи-то

64

Доколку се случи да се сретнете со холивудскиот актер Џон Траволта, и притоа посакате да се фотографирате со него, тој за тоа ќе ви испорача сметка.

Славниот актер чие богатство е проценето на 170 милиони долари, во текот на кариерата снимил многу успешни и добро платени филмови, но тој и понатаму вредно работи и заработува. И тоа не го спречува да го наплатува фотогграфирање со фановите.

Траволта во Австралија присуствувал на конвенција наменета за фановите на научната фантастика, а според пишувањето на медиумите за фотографија со него и автограм, потребно било да се издвои 500, а само селфи чини 250 долари.

Фановите сепак застанале во ред да се фотографираат со Траволта, а на Твитер се нижат негативни коментари за „деловниот потег“ на актерот.