Џонсон удри по администрацијата – 91.000 државни службеници ќе бидат отпуштени

599

Британскиот премиер, Борис Џонсон им наложи на членовите на неговиот кабинет да направат план со цел да се врати бројот на вработени во јавните институции на ниво од 2016 година. Тоа значи дека една петина од вработените во јавните институции на Велика Британија ќе бидат отпуштени.

Министрите треба да направат план со кој ќе се заштедат повеќе од 1 милијарда долари во буџетот, што е дел од мерките насочени кон олеснување на сегашната криза на трошоците за живот на граѓаните, но и овозможување на донесување закон за намалување на даноците.

Во државната служба во В.Британија моментно има 475.000 вработени, а намерите на премиерот да ја намали таа бројка се окарактеризирани како популизам и неодговорен обид за намалување на државниот апарат.

„Секоја фунта што на нив им се исплаќа се пари на граѓаните што би можеле попаметно да ги искористат за свои потреби и приоритети, за сопствениот живот“, рече Џонсон.