„Џонсон и Џонсон“ соопшти охрабрувачки резултати за својата вакцина, трета произведена во САД

268

Компаниjaта „Џонсон и Џонсон“ денеска објави завршни резултати од тестирање во САД, Бразил и Јужна Африка на својата вакцина, која се прима во една доза. Резултатите се охрабрувачки.

Вакцината е ефикасна при спречување на коронавирусот, делотворна е за средна и тешка болест, и покрива разни варијации зависно од географијата.

Така, заштитата од вирусот е посилна во САД, со ефикасност од 72 отсто, отколку во Јужна Африка, каде ефикасноста е 56 отсто и каде доминира новиот вид на коронавирус. Ефикасноста на оваа вакцина во Јужна Америка е 66 отсто, каде исто така постои мутација на вирусот.

Со ова, на повидок е трета долотворна вакцина против корнавирусот во САД, по оние на фармацевтските компании „Фајзер“ и „Модерна“. Веќе идната недела, „Џонсон и Џонсон“ ќе аплицира за добивање дозвола за итна употреба на вакцината од Администрацијата за храна и лекови на САД.

– Важно е да се истакне значењето на домашно и меѓународно поле, затоа што како што знаеме, ова е вакцина со единечно администрирање, и со ефикасност видлива од седум до десет денови по првото и единствено вакцинирање, изјави д-р Ентони Фаучи, главен инфектолог на САД, денеска на прес конференција на тимот на Белата куќа за борба против Ковид-19.

Вакцината не бара специјални услови за чување, туку само обичен ладилник, не е скапа, и компанијата е способна да направи милијарди дози.

– Со тоа што се појавија неколку различни видови на вирусот, од посебна важност е да постои адекватен одговор на секоја варијанта. Новата вакцина дава охрабрувачки резултат и потребно е продолжување на агресивна вакцинација, за да не дозволиме вирусот да продложи да мутира, додаде Фаучи.

– Брза вакцинација е пораката што ја испраќаме. Брза вакцинација за да се намали трансмисијата и да се намалат шансите за дополнителни мутации, изјави Пол Стофелс, извршен директор за наука на „Џонсон и Џонсон“.