Џејми Ли Кертис: Атиџе ми остави тегла – ветив „половина за мене, половина за нив“/ФОТО

523
Фото: Jamie Lee Curtis Instagram

Пред еден месец филмот „Медена земја“ за холивудската актерка Џејми Ли Кертис беше „совршен во овој момент“, а таа денеска на својот Инстаграм профил, на кој ја следат преку два милиони луѓе од цел свет, се пофали дека добила подарок од Атиџе.

Изненадување. подарок што трае. Директно од изворот. мед од тимот на „медена земја“. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна. Ако сѐ уште не сте го гледале „Медена земја“, направете го тоа! – напиша Кертис под фотографијата со подарокот.

Претходно, актерката на своите профили на Инстаграм и на Твитер ги напиша впечатоците за македонскиот документарен филм „Медена земја“.

– Колку совршен филм во овој филм. „Медена земја“ е зачудудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум – напиша таа.