Џенифер Лопез отсекогаш била позната по својот прекрасен изглед и се уште е инспирација за многумина кога станува збор за стилот. Нејзините најнови објави на Инстаграм уште еднаш докажаа зошто многумина ја нарекуваат модна икона.
View this post on Instagram
Пејачката деновиве престојува во Венеција, Италија, каде на епската церемонија на Dolce & Gabbana се појави во комбинација која привлече големо внимание од присутните.
Џеј Ло изгледаше како кралица во зелена свилена цветна облека и црни барокни цветни панталони. Го надополни својот изглед со прекрасна тиара во косата.
View this post on Instagram
На забавата, која е дел од тридневниот настан како дел од филмскиот фестивал во Венеција, на Џенифер и се придружи и нејзиниот долгогодишен менаџер Бени Медина.