Џенифер Анистон не се дружи со невакцинирани

46

Џенифер Анистон во ново интервју за „Инстајл“, признава дека ги прекинала односите со неколку луѓе од нејзиното опкружување поради нивниот став околу вакцините.

– Само што изгубив неколку луѓе во мојата неделна рутина, кои одбиле или не откриваат (дали се вакцинирани или не), и тоа беше жално… Сметам дека е ваша морална и професионална обврска да кажете, бидејќи не се тестираме сите секој ден. Незгодно е затоа што секој има право на свое мислење – но многу мислења не се засноваат на ништо, освен страв или пропаганда, вели Анистон.

Таа инаку, важи за истакната и ревносна интернет-поборничка за анти-ковид мерките, како што се маските и социјалната оддалеченост.