Џафери призна дека згрешил

69

Ден по распишување на изборите, спикерот Џафери на прес-конференција призна дека по грешка најавил гласање на Законот за совет на јавни обвинители со Бадентерово мнозинство.

Џафери потенцира дека  овој закон не се  носи со Бадентерово мнозинство, па така ниту измените на овој закон ме се носат со Бадентер.

И во однос на Законот за јавно обвинителство  спикерот Џафери вели дека е донесен според процедурите, бидејќи имал обврска да го обнови гласањето по бројните реакции на пратениците кои не успеале да гласаат.