Џафери: Не чувствувам одговорност за потпишување на Законот за јазиците, му дадов доволно време на Иванов

45

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери на денешната прес-конференција информираше дека иако сите знаеле сепак, сакал и официјално да каже дека во својство на претседател на Собранието на Република Македонија и врз основа на неговите овластувања потпишал два Указа,односно за Указот за Законот за употреба на јазици и Указ за Законот за ратификација на Преспанскиот договор и ги испратил во Службен весник.

Тој рече  дека не чувствува никаква одговорност за тоа што ги потпишал двата Укази, и дека му дал доволно време на претседателот на Република Македонија да ги потпише двата Указа и не смета дека прекршил нешто.

Како што нагласи Џафери  овие Укази, двата указа стапуваат на сила откако се објавени во Службен весник.

„И двата Укази се доставени во Службен весник со дополнително објаснување зошто Указот е потпишан само од моја страна”, изјави Џафери.

Во однос на тоа  дали чувствува одговорност и дали го прекршил Уставот оти ги потпишал двата Укази и ги испратил во Службен весник, собранискиот спикер рече:

„Од почеток на постапката за донесување на Закон за јазици сум тврдел дека сум постапил во рамките на постапките и процедурите во Уставот и на Деловникот.Може да се смета дека е злоупотребена службената должност со нетпотпишувањето на законот од страна на претседателот. Според членот 8 од Уставот направена е поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Претседателот е дел од извршната власт и не може да се меша во делот на законодавната власт и да не ја исполнува својата обврска”, рече Џафери.

Џафери дополни дека смета оти претседателот Иванов ги помешал лонците на крајот на својот мандат и дека законодавната власт е таа што може да побара одговорност од претседателот, а не обратно.

Џефери на прес-конференцијата се обраќаше и на Македонски и на Албански јазик.