Ѝ годат пензионерските денови:Ангела Меркел со сопругот уживаат на одмор во Салцбург

182
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел користи дел од пензионерските денови за да ужива на одмор со својот сопруг во Салцбург, Австрија.
Таа, како што често правеше порано за да има душевен мир, се пријавила како Ангела Зауер, користејќи го презимето на нејзиниот сопруг Јоаким Зауер.
И покрај тоа, веста за престојот на славната гостинка брзо се прошири во Салцбург.
Меркел до 8 август ќе престојува во хотелот Герсбергалм, кој е „скриен“ во подножјето на планината Гајзберг.
Таа веќе долги години доаѓа во тој хотел на одмор со сопругот.
Ова е прва година кога таа е дојдена во Салцбург целосно приватно за време на културниот фестивал.
Таа е придружувана од телохранители кои ја чуваат поранешната канцеларка, каде и да се движи.
Така беше и кога ја посети претседателката на фестивалот Кристина Хамер, но и кога Ангела Меркел со сопругот присуствуваше на генералната проба на операта „Ката Кабанова“, која премиерно беше изведена во неделата, која беше затворена за јавноста.
Меркел прошетала и низ стариот дел на градот, каде како обичен посетител за ручек имала похувано пилешко со локално бело вино, пренесуваат австриските медиуми.
На тој ручек поранешната прва двојка на Германија била со поранешниот министер за економија на Австрија Мартин Бартенштајн и неговата сопруга Илса.
Двете семејства ги поврзува долгогодишно пријателство.