Ќе ја биде:Македонката Андријана Петрушовска како првото “маче“ во “Ѕвездите на Гранд“

322

-Се гледа дека има трема. Ова се првите „мачиња“ кои ги бираме дали ќе влезат во вода или не. Кај мене за сè имаш плус, токму вака изјави популарната Цеца, која е новиот член во популарното шоу “Ѕвездите на Гранд“, а која ги кажа своите впечатоци за настапот на нашата Македонка, Андријана Петрушовска. За разлика од Цеца, другиот член од жирито, рокерот Ѓорѓе Давид, кажа дека “страшно би сакал да соработува со Андријана“. А, сексапилната Андријана доби голем број пофалби и за нејзиниот изглед.
Со тоа стартуваше новата сезона на ова мега шоу за која низ естрадните кругови јавно се шушка дека е “обоено“ и со невидени, срамни финансиски скандали, а тоа го потенцираше неодамна и српскиот “Курир“. Како и да е, претставниците од Македонија низ шоуто ќе си ја побараат среќата и патот до естрадните ѕвезди.
Нашата Андријана се претстави со песните „Не дам на тебе“ и „Ти можеш се“. Очекуваме дека Петрушовска и во вториот круг ќе помине одлично. (Д.М.)