Ужасни работи и се случија на српската тенисерка Наталија Стевановиќ, по поразот во квалификациите за турнирот во Гвадалахара. Србинката која сезонава блескаше на Вимблдон, беше поразена од Американката Марија Матеас со 6:3, 7:5. Наталија водеше со 5:2 во вториот сет, но на крајот го загуби и потоа почнаа навредите.

„Што да кажам после ова? Дали треба да се грижам за мојот живот само затоа што загубив по повреда? Спортистите го даваат својот максимум на теренот и ваквите заканувачки пораки се нешто премногу сериозно. Ова го пишувам за првпат затоа што доста ми е да добивам вакви пораки и по победата“, напиша Наталија, а објави и бројни скриншотови од пораките што ги добива.

Во коментарите на нејзините објави на Инстаграм, луѓето ставаат емотикони за измет, пишуваат „не си професионален тенисер, смешна си“, рекле дека „не треба повеќе да игра тенис“, рекле дека таа е „ѓубре“ и еден коментар вели „чекаме да те е*еме“… Уште пострашни се пораките во инбокс на Инстаграм…

„Прочитај ја оваа порака внимателно, грубо ѓубре! 5:2 во вториот сет, а на крајот 5:7… Двојни грешки во сите важни моменти. Јас ќе те најдам и ќе и се на*бам на мајка ти. Ќе те најдам и ќе ја силувам мајка ти! Ова не се празми муабети. Ќе те најдам верувај ми и ќе ка силувам мајкати пред твои очи! Ќе те најдам, пи*кати матер лоповска. Против 350. Тенисерка во светот ти пушиш…  Мојата главна цел е да тргнамн од овој свет, напиша еден од заканувачите од лажен профил.

Ова не е првпат тенисерките да се жалат на ваков третман. Речиси сите тенисери кои играат на високо ниво зборуваа за тоа како добивале вакви закани на социјалните мрежи по поразите, но и по победите, затоа ВТА мора да направи нешто и да го направи тоа што е можно поскоро, пред да се случи нешто трагично.