Ќе се чистат спомениците на хероите од НОБ

117

Во очи на големиот државен празник, 11-ти Октомври, Денот на востанието на Македонија, администрацијата на Општината Центар заедно со советниците од Советот на Општина Центар, ќе ги чистат спомениците на хероите од Народно-ослободителната борба (НОБ). Ова на својата фејсбук страница го обелодени градоначалникот Саша Богдановиќ.

Тој ги покани сите граѓани и жители на општината кои сакаат да се приклучат и да бидат дел од оваа акција, денеска во 17 часот да бидат пред влезот на Општина Центар.

И од граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ повикуваат на масовно чистење на Републиката на денот на празникот.

Од  „Не биди ѓубре“ потврдија дека масовна излезеност ќе има во Радовиш, Битола, Росоман, Прилеп, Куманово, Велес, Тетово и Гостивар и очекуваат кон оваа иницијатива да се приклучат и од другите градови.

Спротивно на оваа акција, на на крајот на септември во Градскиот парк беа бутнати постаментите и бистите на борците и револуционерни поети: Коле Неделковски и Никола Вапцаров, што е чин за осуда.