Ќе се сечат две дрвја на улицата „Свети Кирил и Методиј“

1404

Општина Центар информира дека утре по барање на Министерството за правда, екипа на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ќе исечат две дрвја на улицата „Свети Кирил и Методиј“, број 54, влез 1.

Како што образлагаат од Општина Центра, причината за сечење на дрвјата е поради тоа што се навалени и при посилен ветер можно е да паднат и да предизвикаат материјална или друга штета.

Сечењето на дрвјата ќе се изврши стручно и на соодветен начин за да се избегнат евентуални материјални и други штети. Евентуално причинетата штета ќе биде на товар на ЈП „Паркови и зеленило“.