Ќе се реконструира парк-шумата „Китино кале“ во срцето на Кичево

64

Заврши јавниот повик што го распиша општина Кичево за прибирање понуди за реконструкција на парк-шумата во срцето на Кичево, наречена „Китино кале“. Емин Насуфи од општина Кичево изјави дека овој проект ќе се реализира со средства од ИПА фондовите, а околу десет проценти ќе бидат општински пари.

– Повикот траеше до крајот на минатиот месец, до кога сите заинтетесирани компании можеа да конкурираат за реализација на овој мошне значаен инфраструктитен проект. Ова беше едно од главните ветувања на градоначалникот Фатмир Дехари при добивање на вториот мандат пред граѓаните на Кичево – посочи Насуфи.

Конечната вредност на проектот ќе се знае по завршувањето на потребната процедура. По реконструкцијата се очекува парк-шумата „Китино кале“ да стане вистинска атрација за сите граѓани. Ќе се гради културен младински центар на самиот врв на парк-шумата. Ќе има нови патеки и ново осветлување.