Ќе се реконструира дел од коритото на реката „Брегалница“

29

Општина Берово распиша тендерска постапка за реконструкција на дел од коритото на реката Брегалница во Берово, изградба на тротоар и осветлување.

Тендерската постапка е започната во рамките на проектот „Заштита на жителите од една планина долж две реки“ спроведен со финансиска помош од Interreg- ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014 – 2020.

Тендерско досие е достапно  на веб-страницата на програмата и веб-страницата на Општина Берово:http://www.ipa-cbc-007.eu/ https://www.berovo.gov.mk/

Крајниот рок за доставување на понудите е 10 октомври 2019 година, до 14 часот.