Ќе се поплочуваат улици и ќе се гради парк крај реката Треска

24

Со средства обезбедени од Бирото за регионален развој, во износ од 12 милиони денари, започна реализацијата на два проекта во Општина Македонски Брод, од кои првиот во градот, а другиот ќе се реализира во селата Брест, Суводол, Црешнево и Грешница. Реализацијата на овие проекти треба да заврши до крајот на октомври.

– Со првиот проект ќе се поплочат улиците во селските населби кои се најмалку иселени во општината, Брест, Црешнево, Суводол и Грешница. За овој проект наменети се девет милиони денари, а во четирите села ќе бидат поставени бехатон-плочки на површина од 4.500 квадратни метри. Со три милиони денари во наредните месец и половина ќе биде изграден парк крај река Треска во средиштето на градот. Паркот ќе биде со површина од 400 квадратни метри –  најави градоначалникот на општината, Живко Сиљаноски.