Ќе се конституира Собрание за млади

23

Град Скопје ќе конституира Собрание на млади. За таа цел ќе се распише јавен повик за избор на членови на Иницијативен одбор за негово конституирање.

Право да се пријават на повикот имаат жителите на Град Скопје на возраст од 15 до 29 години кои членуваат во младински организации, организации за млади, политички подмладоци, како и ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување.

Јавниот повик ќе биде објавен на веб-страницата на Град Скопје и во средствата за јавно информирање и ќе трае 10 календарски дена од денот на објавувањето.

Скопскиот градоначалник се задолжува да формира Комисија за спроведување на јавниот повик и на предлог на Комисијата да избере членови на Иницијативниот одбор за конституирање Собрание на млади на Град Скопје.