Ќе се засадуваат дрвја на две локации во Аеродром

132

Во петок, Општина Аеродром ќе спроведе акција за засадување на нови дрвја на две локации на нејзината територија.

Како што информира градоначалникот Златко Марин ќе се садат дрвја спроти новата градинка на улицата „Тоше Проески“, со почеток во 11 часот и во Реонски центар спроти фудбалското игралиште во 11:30 часот.