Ќе се гради пат за депонијата за Источниот и Североисточниот регион

65

На предлог на Министерство за животна средина и просторно планирање, Владата усвои Информација да се обезбедат пари за изградба на пристапен пат до претоварната станица во општина Ранковце, кој е дел од проектот за воспоставување самоодржлив систем за интегрирано управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион, чија вредност изнесува околу 40 милиони евра.

– За реализација на овој целокупен проект, со кој трајно ќе се реши управувањето со отпадот за Северноисточниот и Источниот регион, неопходно е да се исполнат одредени обврски од страна на општините и јавните комунални претпријатија од двата региона – соопшти владината прес-служба.

Владата му препорача на Јавното претпријатие за државни патишта да направи проценка за изработка на проектна документација.