Ќе се врши организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност

40

Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје склучија договор за реализирање организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност на кои заради движење им е потребна инвалидска количка и на лица со тешки моторни пречки, со посебно адаптирани возила.

Како што  информираат од Градот, превозот на корисниците се реализира со посебно адаптирани возила со автоматски управувана рампа за инвалидска количка, рачки за држење, каиши и шипки за закочување на инвалидските колички. Возилата што се сопственост на Град Скопје, се дадени на користење на ЈСП.

Реализацијата на превозот на дестинации на подрачјето на Град Скопје, е во согласност со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита во град Скопје, за 2022 година.

Градот Скопје посветено работи на подобрување на пристапноста до градските институции за лицата со потешкотии во движењето, како и на нивната мобилност низ градот.