Ќе победев и без допинг, но морав да го направам тоа

131

Поранешниот американски велосипедист Ленс Армстронг изјави дека би ја осовил  престижната велосипедска трка Тур де Франс и без допинг. Тој истакна и дрка недозволените средства во времето кога тој се натпреварувал биле неопходни и дека не ги користел само тој, туку и останатите натпреварувачи.

Армстронг седум пати ја освои Тур де Франс, но сите трофеи му беа одземени, бидејќи беше потврдено дека користел допинг.

  • Зборувавеме дека го правиме најдоброто, дека имаме најдобра тактика, најдобар тим, најдобра технологија. Сето ова беше точно. Но не зборувавме само за една работа. Тоа работа е дека не може да избришеш се, изјави Армстронг

Тој потоа говореше и за неопходноста од користење на допинг.

  • Да ја немавме таа една работа, тогаш ќе бевме последни. Направивме се што моравме за да победиме, додаде Армстронг.

Некогашниот херој на целиот спортски свет, сликовито објасни и зошто преминал на „темната стран“

  • Знаев дека ова ќе биде борба на ножеви, не само на тупаници. И јас имав ножеви, а потоа луѓето почнаа да се појавуваат со пиштоли. Тогаш на себе си си кажав, дека опциите да се вратиш во игрта  е да велзеш во продавница за оружје. Јасно е дека не сакав да се вратам дома. Сите да се бореа само со тупаници, ние секако дека ќе победевме, заврши Армстонг.