Ќе има високи цени на гасот и струјата во наредните пет години

30

Маркус Кребер, извршен директор на германскиот енергетски концерн RWE, смета дека високите цени на гасот и електричната енергија ќе останат уште многу години. „Тие цени ќе останат уште три до пет години“, објаснува тој за весникот „Зидојче Цајтунг“.

Кребер рече дека е потребно време да се создаде нов капацитет, како и додека другите држави можат да снабдуваат дополнителна енергија. Тој ја поздрави намерата на министерот за економија на Германија, Роберт Хабек, повторно да ги активира електраните на јаглен со цел да се заштеди гас. „Секаде каде што може да се префрли на друг извор на енергија, тоа треба да се направи“, подвлече тој.

Според него, намалувањето на испораките на гас од Русија веќе има негативни последици. „И добиваме очигледно помалку од договорената сума“, рече шефот на РВЕ, додавајќи дека концернот затоа мора да купува гас по јасно повисоки цени на пазарот.

И покрај тоа што не верува во продолжување на работата на последната нуклеарна централа во Германија подолго од крајот на оваа година, Кребер посочува дека RWE планира да ги прошири рудниците за јаглен Garzweiler 2.