Ќе го решиме проблемот со „рамковните„

22

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.денеска изјави дека во новото министерство за политички систем не се предвидени нови вработувања, туку ќе има преземања од владиниот Секретаријат за Рамковен договор.

Со тоа, како што наведе, конечно ќе биде решен проблемот со вработените, според тој договор. Според него, завршени се постапките за ангажман на дел од вработените според Рамковниот договор кои не биле распоредени на работни места, а во најскоро време тоа ќе се направи и со другите.