Храватскиот пејач Петар Грашо има нова љубов. По раскинувањето на долгогодишната врска со Данијела Мартиновиќ, срцето на Грашо го зароби 14 години помладата Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ.

Иако се само неколку месеци заедни, Хана од неодамна живее заедно со Петар Грашо во неговиот стан во загреската населба Бундек, кој се наоѓа на само неколку метри од зградата во која живее неговата поранешна партнерка, Даниела Мартиновиќ, објави „Слободна Далмација“.

Врската на Хана со Петар Грашо, добила благослов од нејзините родители,  родителите на пејачот биле изненадени од неговиот избор, но и тие со симпатии ја прифатиле 31-годишната Хана.

Според хрватските медиуми, Хана им се пофалила на блиските пријатели дека е многу среќна и дека има голема желба наскоро да добијат дете.

„Ако се тие среќни, а колку што гледам се, тогаш и ние како родители сме среќни“, рекол Тончи Хуљиќ за новата љубовна врска на неговата ќерка која тргна по неговите стапки во музичките води.