Мелани Тарчуловска, ќерката на Јохан и Соња, ќе ја претставува Македонија на фестивалот ““Golden Voice 2020” кој оваа година се оддржува на Медитеранскиот остров Малта. Таа во видео записот пред да ја изведе песната од Бруно Марс „„When I was your man“ јасно кажува дека доаѓа од Република Македонија.

Фестивалот „Golden Voice“ има свој канал на Јутјуб на кој е поставено видеото со Мелани. Оценувањето трае до 04.07.2020 а, победниците ќе се избираат според бројот на позитивните коментари под самото видео.

Македонката Мелани ќе биде оценета и од меѓународна жири комисија која ќе доделени низа награди, пофалници, дипломи и статуетки. Сите велат дека Мелани музикалноста ја наследила од својата мама Соња, нашата популарна пејачка.