Ќерката на Синди Крафорд на удар на Инста-заедницата: „Јади нешто!“

29

Ќерката на познатиот супермодел Синдри Крафорд, Каја Крафорд, неодамна на својот Инстаграм профил објави фотографија во бикини, која наиде на бурни рекации.

Од една страна се оние што се восхитуваат на нејзиниот изглед, а од друга страна оние што го критикуваат.

„Јади мал ангелу, јади нешто!“, „Изгледаш како личност која е болна и која поради болеста изгубила многу килограми, „Малку си преслаба за мој вкус“, „Ова е страшно“, „Господе, екстремно си слаба“, „Ова не е добро“, „Малку си преслаба, нели?“, „Додај некој килограм, ќе бидеш следното големо име во модната индустрија“, „Премногу си слаба, земи да јадеш нешто – ВЕДНАШ“… се само дел од не така малкуте коментари на сметка на нејзиниот изглед.

Секако, голем број од нејзините обожаватели се потрудија да ја одбранат и сметаат дека изгледа совршено.

Сепак, се упатија коментари и дека изгледа многу повозрасно, како и дека Синди не треба да го дозволи овој „нездрав изглед“.

„Жал ми е што ќе го кажам ова, но не праќаш добар пример за младите девојки. Те молам јади, твојата прекрасна мајка го дозволува ова…“, „Кутро девојче… премногу си слаба. Како мајка ти ова може да го дозволи ова? Премногу е опасно за твоето здравје“, сметаат дел од нејзините Инстаграм следбеници.

Инаку, Каја Гербер е во моментот едно од најбараните модни лица. Во септември годинава беше дел од сите големи ревии во рамки на четирите европски модни недели, дури и во Париз, каде постои забрана за ангажирање на премногу слаби манекенки.

Ова не е првпат таа да се најде на удар на јавноста поради малиот број килограми.

Што мислите вие?