Ќерката на Вил Смит се огласи за „оскаровскиот шамар“

530

Вилоу Смит, ќерката на Џејд Пинкет и Вил Смит, прв пат се огласи со коментар за инцидентот што го предизвика нејзиниот татко на доделувањето на Оскарите кога го удри водителот на манифестацијата, комичарот Крис Рок, поради шегата на сметка на алопецијата и ќелавоста на неговата сопруга.

„Сите од моето семејство ги гледам како луѓе. Ги сакам и ги прифаќам во нивната човечност. Поради позицијата во која се наоѓаме нашата човечност понекогаш не е прифатена и присилени сме да делуваме на начин кој не е здрав и чесен“ – рече Вилоу Смит во интервјуто за Bilborard.

За потсетување, минатата недела Вил Смит на Јутјуб објави видео во кое му се извинува на Рок затоа што му удрил шамар на сцена.

„Моето однесување беше неприфатливо и овде сум кога и да бидеш подготвен за разговор“ – вели актерот во своето извинување до Крис Рок.