Љупчо беше намачена душа, срце планина – раскажа пријател на загинатиот шофер во автобуската несреќа

691

Љупчо Зафиров е еден од загинатите во страшната автобуска несреќа во Бугарија, во која покрај него, животот го загубија уште 44 лица, а седуммина се повредени.

Планинарот Игор Смилев за Фокус раскажува за пријателството и соработката со возачот на автобусот што изгоре во стравичната несреќа на автопатот Струма во Бугарија – Љупчо Зафиров.

Зафиров беше шофер, кој сигурно многу ќе недостасува на планинарската фела, со оглед на тоа дека долго време соработувал со планинарските друштва при организацијата на планинарски тури.

Зафиров најмногу соработуваше со еколошката групација „Грун Пауер“, а долгогодишниот планинар Игор Смилев со голема тага раскажува за неговото пријателство.

„Љупчо беше намачена душа. Срце планина, личност што знаеше да помогне и во најтешките мигови. Сопругата го напушти, му зеде се, а тој почна од „нула“ повторно да се издига од пепелта. Планинарската фела изгуби еден огромен другар, врвен професионалец“, раскажува Смилев за „Фокус“.

Неговото планинарско друштво 90 отсто од турите го имало Зафиров како возач, а Смилев има само пофални зборови за неговата стручност и професионализам.

Повеќе прочитајте на Фокус.мк