„Љубов по Татунчо“ – сингл на Љубојна за филмот „Стела“

19
„Љубов по Татунчо“  е насловен новиот сингл на Љубојна. Станува збор за музика за македонскиот игран филм „Стела“ чија што премиера се очекува наскоро.
Композитор и аранжер на нумерата е Оливер Јосифовски, а автор на текстот е вокалистата Вера Јосифовска.
Спотот за новиот сингл  е снимен во продукција на Dream Factory Macedonia и TulipPro, а музиката во Студио Подрумот.
Објавувањето на новиот сингл е воедно и најава за новиот албум на Љубојна со целосната музика од филмот „Стела“.