Љубица за сезонската работа на море: „Оваа работа е најплатена, но пазете се од една“

2314

Корисничката на TikTok, Љубица Бољевиќ од Белград, откри каква е сезонската работа во Хрватска. Пред две години работеше на Хвар, а минатата година работеше во Дубровник. Таа реши да го сподели своето искуство со претходните работни места и да одговори на најчесто поставените прашања на следбениците.

Љубица на сите заинтересирани им објасни како се добива сезонска работа, препорачувајќи им ја веб-страницата и разни групи на Фејсбук. Таа откри и кое ниво на познавање англиски е потребно за работа.

„Во случаи кога сте во директен контакт со луѓе, тогаш треба да знаете англиски. Сепак, не мора да се зборува течно англиски на ниво Ц1. Важно е да комуницирате“, рече Љубица. Исто така, за работни места како што се работници во кујна или чистачи, англискиот не е неопходен.

Како работник, не треба да се грижите за работната дозвола, туку вашиот работодавец го прави тоа.

„Ако вашиот работодавец не ви ја издаде дозволата, тогаш подобро да не работите таму“, објасни таа. Единствено што е потребно за работна дозвола е диплома, пасош и судска потврда дека немате криминално досие.

Корисниците најмногу ги интересираше колку пари ќе заработат со работа во текот на сезоната, но Љубица не можеше да им ја каже точната сума.

„Многу е индивидуално и зависи од вас, колку ќе потрошите, излезете, пазарете… Зависи и од типот на работата и позицијата на која работите. Не е исто за чистачка и кујнски готвач. Едноставно, тоа зависи од многу фактори“, откри таа. Но, во нејзиниот случај успеала да се врати дома со сите заработени пари, со оглед на тоа што не трошела за сместување и храна. Таа имаше договорено сместување и три оброци на ден.

„Ако целта ти е да заработиш, можеш да заработиш неколку илјади евра. Мислам дека работата на келнер е најисплатлива, но една од најтешките. Можеби навистина ќе се трудиш тие четири месеци, но навистина ќе заработиш многу“, коментира таа.

Многу работодавци го бараат претходното искуство на работникот на огласот за вработување, но Љубица истакна дека тоа не е секогаш пресудна карактеристика при добивање на работа.

„Можете да се вработите без искуство доколку на работодавачот му се допаѓа вашата енергија на интервјуто за работа“, објасни таа. Секако, искуството е пожелно за одредени позиции, особено во келнерска работа.

Работата во хотел е многу добра опција затоа што веднаш добивате плата на први во месецот и имате одредено обезбедување, а приватно лице може да ве изманипулира во некои ситуации. Љубица смета дека состојбата со приватниците е секогаш неизвесна.

„Не можеш да знаеш дали некој ќе те измами. Ризикуваш“, заклучила таа.

За жал, никогаш не знаете дали некој ќе ве измами, но сезонската работа е еден вид ризик.