Николас Пери, попознат како Никокадо Авокадо, е јутјубер кој има повеќе од 4 милиони следбеници на својот канал. Во последното видео призна дека ги измамил сите, не снимајќи две години додека се обидувал да ја намали тежината.
Пери се прослави по претераното јадење, попознато како трендот макбенг и екстремното дебелеење, а сега откри дека ослабел 114 килограми.
Пери во новото видео призна дека не снимал две години, објави index.hr. Тој призна дека неговите објави со видеа за екстемно прејадување биле најголемиот социјален експеримент во целиот мој живот.
Ова остави некои збунети, бидејќи тој објавуваше снимки до пред четири месеци, кога објави дека „го прекинал својот пат на слабеењее и дека е време повторно да се здебели“.
„Секогаш сум два чекора понапред. Ова беше најголемиот социјален експеримент во целиот мој живот. Загрижувачки, но и неверојатно е да се видат сите овие дезориентирани суштества како талкаат на Интернет во потрага по приказни, идеи, во кои се чувствуваат охрабрени, ангажирани “, рече тој.
“Значи, јас сум негативец затоа што се направив себеси ваков и ќе продолжите да „паѓате“ на приказни за мене од година во година. До вчера луѓето ме нарекуваа дебел и болен и досаден и неважен. Успеав да останам два чекори понапред од сите, шегата е на ваша сметка“, им се обрати јутјуберот на своите следбеници.
Некои од неговите следбеници се лути што ги изневерувал: „Веројатно правеше многу видеа кога беше „покрупен“ и ги објавуваше само понекогаш, кога во реалниот живот всушност губеше на тежина две години. Целосно не измами. ”
„Секогаш велев дека ќе одам на диета кога го правеше Никокадо авокадо, сега немам повеќе изговори“, се пошегува друг следбеник.