Јунајтед попушти за Санчо

73

Раководните лица на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд и на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, се на добар пат да постигнат договор кога е во прашање трансферот на крилниот напаѓач, Џејдон Санчо. Според последните информации кои беа пласирани од угледниот весник „Билд“, челниците на „црвените ѓаволи“ најпосле се соочиле со суровата реалност дека ќе мора да одвојат рекордни 120 мил. евра за обештетувањето на Санчо. Репрезентативецот на Англија веќе ги има договорено личните побарувања со раководните лица на Јунајтед.