Јунајтед има приоритет за Депај

62
LYON, FRANCE - NOVEMBER 27: Memphis Depay of Olympique Lyonnais looks on during the Group F match of the UEFA Champions League between Olympique Lyonnais and Manchester City at Groupama Stadium on November 27, 2018 in Lyon, France. (Photo by Clive Rose/Getty Images)

Спортскиот директор на францускиот гигант Олимпик од Лион, Жунињо, потврди дека холандскиот интернационалец Мемфис Депај, најверојатно ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.

Поранешниот репрезентативец на Бразил откри дека неговиот поранешен клуб, Манчестер Јунајтед, има право прв да испрати понуда за офанзивниот играч за врска. Репрезентативецот на Холандија сакаше да ја промени средината и за време на летниот преоден рок, но Лион ги одби сите понуди кои беа наменети за неговите услуги.