Јуве ќе избира помеѓу Зидан, Клоп и Дешамп

68

Земјотресот кој ја стресе Англија со најавата дека трофејниот француски стручњак, Зинедин Зидан, ќе го наследи актуелниот менаџер на Челзи, Маурицио Сари, се прошири и во Италија! Како што пишува “Тутоспорт”, популарниот Зи-Зу е желба и на раководните лица на Јувентус.

Поранешниот предводник на Реал (М) е виден како наследник на Масимилиано Алегри кој сигурно ќе си замине од Торино на крајот од актуелната сезона. Италијанските медиуми немаат дилема дека “старата дама” ќе ја прекине соработката со Алегри доколку клубот и годинава не го освои трофејот во Лигата на шампиони.

Освен името на Зидан, во игра за жешкото тренерско столче и и актуелниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, кој исто така ќе добие отказ доколку “црвените” не го освојат трофејот или во Премиер лигата или во Лигата на шампиони. Покрај Клоп, “старата дама” на радарот го дрижи и селекторот на светскиот шампион, репрезентацијата на Франција, Дидие Дешамп.