Јуве може и до седмата последователна титула!

14

Предводникот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Масимилиано Алегри, во пресрет на вечерашниот натпревар со СПАЛ изјави дека неговиот тим е способен да ја освои седмата последователна титула.

  • Фактот што ние во моментов зборуваме за седмата последователна титула е нешто големо, бидејќи ќе направиме нешто историски, бидејќи никој досега не го стори тоа. Со амбиција да ја исполниме оваа цел, ќе ни помогне да играме добро и во Лигата на шампионите. На дуелот со Торино околу пет или шест минути „заспавме“, истото тоа го сторивме и со Аталанта. Конечно, кога истото се случи и против Лацио, бевме казнети, додаде Алегри.

Против СПАЛ нема да играат Буфон и Киелини, Клаудио Маркизио е подготвен, но тешко дека ќе издржи целиот натпревар, а Матија Де Шиљо е во составот, но му недостасува минутажа. Гонзало Игуаин, Даглас Коста и Пауло Дибала ќе го започнат натпреварот, а истото важи и за Алекс Сандро, одговори Алегри на прашањето за здравствениот билтен на тимот.

На табелата Јувентус заостанува зад лидерот Интер четири бода, но има и натпревар помалку, додека од второпласираниот во моментов Наполи го делат три бода.