Јувентус нема да биде шампион

25

Бомбардерот на Лацио, Чиро Имобиле, стави крај на серијата на Јувентус, кој доживеа пораз на “Алианс арена#, по пауза од 42 одиграни натпревари. Актуелниот шампион на Италија стави крај и на серијата од 57 натпревари без пораз во сите натпреварувања, но далеку позагрижувачки делува изјавата на предводникот на “старата дама#, Масимилиано Алегри, дека Јуве со ваква игра може веднаш да се збогува од популарното “скудето”.

  • Предупредувачки знаци добивме и кога играме против Торино, Сасуоло и Аталанта. Имаше премногу моменти кога концентрацијата не беше на потребното ниво. Скапо ги плативме тие моменти. Од дуелот во Бергамо, па се до овој во Торино, ние испуштивме пет бода. Никако да сфатиме дека “скудетото# се освојува само ако се бориме секој ден. Имаше неколку фудбалери кои беа уморни, некоку фудбалери кои чуствуваа болка, но нема место за никаков изговор, загубивме пет бода. Не бевме на висина на задачата, особено во моментите кои го одлучуваа натпреварот. Ако загубиш тука неколку бода, потоа неколку бода на некое гостување, тогаш нема да ја освоиш шампионската титула, изјави Алегри.

И покрај поразот, Јувентус остана второпласиран во Серија А, но сега има пет бода помалку од првопласираниот Наполи и има ист број на бодови со третопласираниот Лацио.