Јубилеј 50 години: Изложба и монографија на Упевче во Охрид

64

По повод 50 години од првата самостојна изложба на Славко Упевче, вечерва во „Куќата на Робевци“ во Охрид ќе биде отворена изложба со дела од академскиот сликар.

На изложбата ќе бидат презентирани повеќе од 50 оригинални дела, од разни фази на уметничкото творештво на Упевче, а ќе биде претставена и неговата монографија.

Изложбата ќе биде отворена до 18 јули.