Македонската фолк-пејачка дива со години слушаната, а омилената Зуица Лазова, која е воедно и дипломирана професорка по хармоника, во среда на 6. ноември ќе направи голема промоција (во “Муровска меана“), но и голема вечерна седенка за незаборав. Сетоа тоа е интересно насловено како “5 за 50“. Поканети се сите оние колеги-пејачи и музичари со кои таа соработува, но и новинари кои професионално пишуваат за естрадата, со тоа и за харизматичната Зуица.
А, поводот е голем и убав. Таа ќе слави, а дали и со огномет, ќе видиме тоа, како се уште неоткриено изненадување за нејзината легендарната првата 50-ка. Истата свечена ВИП-вечер Зуица ќе промовира во живо и пет сосема нови песни: Симпатија, Ќе ти купам нов фустан, Даме од Македонија, Реканска и Мојата хармоника.
Овие песни ќе ги пее во навистина одбраното друштво на пејачи, од нејзината потесна и поширока фамилија. Освен со сопругот Наум Петрески ќе ги пее и со: Анастасија Петреска, Стефан Петрески и Македонка Петреска.
Нема трошка сомнеж дека промоцијата на Зуица ќе и донесе неизмерна радост. Една е од ретките на македонската естрада со моќен глас, а знае и да си ја сработи комуникацијата со медиумите. За тоа има и искуство, работејќи на телевизијата како авторка и водителка на неколку емисии посветени на квалитетна народна македонска песна. Песните кои Зуица наредната среда ќе ни ги промовира се само логичен редослед на успесите во нејзината и онака успешна естрадна кариера.
Затоа, следете не. За впечатоците од настанот за кој со денови раскажува целото Скопје, со задоволство во еден од наредните броеви на весникот Вечер и на порталот vecer.press Д.М.