ЈП „Стрежево“-Битола и МЗШВ потпишаа договор за концесија на риби на акумулација „Стрежево“

41

ЈП „Стрежево“-Битола потпиша договор со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со кој се овозможува во периодот од 2019 до2024 година, ЈП „Стрежево“-Битола да организира рекреативен риболов и да ја порибува акумулацијата Стрежево.

Според договорот за концесија на риби и организирање спортски риболов, јавното претпријатие се обврзува два пати годишно да врши порибување на акумулацијата со подмладок од речна пастрмка и крап.

– Со овој договор ние во претпријатието ќе детектираме и информираме за евентуалните еколошки проблеми и импликации врз рибниот фонд, ќе се контролира уловената риба и ќе се врши поуспешно управување и стопанисување на акумулацијата „Стрежево“ . Исто така, ќе вршиме заштита и ќе овозможиме користење на рибите преку планско експлоатирање на одржлив начин, истакна Методија Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево“-Битола.

Акумулацијата „Стржево“ ќе биде заштитена со рибочуварска служба, а за начинот на користење на акумулацијата, менаџерскиот тим ќе одржи заеднички средби со членовите на риболовните здруженија од регионот.