ЈП „Водовод и канализација“ со ново работно време

106

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, воведува измени во работното време, согласно новонастаната ситуација со коронавирусот во нашата земја, препораките и насоките на Владата и Министерството за здравство како и новите временски интервали за полициски час, кои се однесуваат на спречување на ширењето на коронавирусот.

Во дирекцијата на „Водовод и канализација“, од денеска шалтерите за наплата ќе работат со ново работно време и тоа од понеделник до петок од 07:30 до 18 часот и сабота од 09 до 14 часот.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП „Водовод и канализација“, заинтересираните граѓани може да се обратат на телефоните: 02 3073 010 во Дежурно информативниот центар;  02 3240 300 во дирекцијата како и на е-маил адресите: kontakt@vodovod-skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mkwww.facebook.com/jpvodovod.skopje.