ЈП ”Водовод” – Битола отвори посебен телефон за пријавување дефекти

73

Јавното претпријатие „Водовод“ од Битола отвори посебна телефонска линија за пријавување дефекти на водоводната мрежа што настанале како последица на ниските температури на воздухот во овој град. Посебниот телефонски број 047/238-200 ќе се користи за интервенции врз оштетени водомери или за прекин на снабдувањето со вода за пиење.

– Студот е единствената причина за пукање на водомерите кај многу домаќинства, посебно оние водомери чие стакло е незаштитено и не може да ги издржи поларните температури. Апелираме на рационално трошење на водата чија потрошувачка деновиве е зголемена за 25 отсто и во одредени интервали на денот, но и ноќе достигнува до 680 литри во секунда, истакна генералниот директор на ЈП „Водовод“ – Битола. Горан Козаров,