Јоханис: Ќе ја продолжиме вонредната состојба за уште еден месец

136

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска изјави дека ќе издаде друг указ за продолжување на вонредната состојба за уште еден месец, јави Агерпрес.

– Ќе биде потребно продолжување на вонредната состојба. Јас побарав од Владата да достави предлози, ќе го подготвиме текстот на указот во текот на оваа недела, ќе издадам нов указ на почетокот на следната недела со кој ќе се продолжи вонредната состојба за уште еден месец, за да ја држиме епидемијата под контрола, рече Јоханис.

Романија на 16 март прогласи вонредна состојба поради пандемијата на Ковид-19.