Јордан Митев: Да се живи, здрави младоженците!

134

“Да се живи и здрави младоженците” е насловот на новата свадбарска песна на популарниот македонски пејач Јордан Митев, посветена на сите идни младоженци, но и вљубениците на македонската народна песна. Митев повторно се потпишува и како комплетен автор.
“Инспирацијата за создавање на оваа нова песна е од свадбата на мој близок другар, каде му бев кум. Веднаш ја напишав и отпеав песната, а таа стана хит, ја има насекаде од Јутјуб каналот, до самите свадби. Премногу верувам во таа песна која се покажа како успешна. Иако на нашите македонски простори имаме навистина многу квалитетни и популарни свадбарски песни, јас се надевам дека и оваа песна ќе остане да се пее, особено на крајот од летото и со почетокот на есента, кога свадбите ќе се утростручат. Песната ги има и сите елементи да влезе во ризницата на македонската народна музика”, раскажува Јордан. Д.М.