Јоноски сакал да се пресмета со член на Фалангата, навивачите најавија бојкот за мечот со Аргентина!?

77

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Ацо Јоноски, направил голем скандал по мечот со Холандија, кој  „црвено – жолтите“ го загубија со десет гола разлика од Холандија (24:34) во второто коло од групната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска.

Според еден од навивачите .чие сведоштво го пренесер пораталот „Спорт 1“, Јоноски кој сега му е помошник на селекторот Кирил Лазаров  сакал да се пресмета со членови на македонската навивачка „Фаланга“, која дојде во голем број во Краков за да им даде поддршка на ракометарите.

Еден од навивачите откри дека Јоноски им се пуштил и сакал да се тепа, нервозен и лут за критиките и свирежите што тој, стручниот штаб и ракометарите ги добија од Фалангата после мечот во кој Холанѓаните ни одржаа лекција по модерен и брз ракомет, а воедно најавија ит бојкот на последниот меч против аргентина, односно дека воопшто нема да ја поддржат репрезентацијата.

„Ацо Јоноски наместо да повикува на тепачка надвор од салата, да дојде јавно да се извини на мене и на уште еден навивач за критиката што не ја прифати по завршување на мечот. Ако сака да се тепаме, ќе се тепаме – тоа е најлесно решение. Очигледно најтешко во овие моменти е да дојдеш и да поразговараш со навивачите колку толку и да ги објасниш причините за поразот, па го избираш полесното решение. Од мене имате бојкот и свртен грб против Аргентина. Не заслужувате никаква искрена поддршка со ваквиот пристап на игра и со однесувањето на поединци кои се дел од стручниот штаб“, објави во коментар на Фејсбук, навивачот кој имал влегол во конфликт со членот на македонскиот стручен штаб.