Јоксимовиќ потврди дека работи со Цеца: Наскоро почнуваме со снимање

115

Последната премиера на Жељко Јоксимовиќ беше во 2019 година, кога го претстави синглот и спотот „Можда е то љубав“, а во меѓувреме работеше и на неколку проекти, меѓу другите и на филмот „Тома“.

Сепак, љубителите на неговата музика нема да мора долго да чекаат на новата премиера.

Пејачот беше вреден и наскоро ќе се најде пред публиката со новитети.

„Се чувствувам виновен што не направив нешто порано за слушателите кои ја сакаат мојата музика. Направив мало отстапување, но за месец и половина се подготвив да издадам нова плоча. Не сум направил пауза, постојано правам музика, едноставно не објавувам“, откри Јоксимовиќ во емисијата „Први ред“ на К1 телевизија.

Неодамна протече веста дека Жељко соработува со Цеца на нејзината нова песна.

Пејачот потврди дека на повидок е голема соработка.

„Не знам дали таа ќе се согласи со овој ПР, но има песна која не е ни моја, јас сум аранжер и ќе ја снимаме“, најави Јоксимовиќ.