Во последните неколку месеци главна тема во НБА лигата е тоа кому ќе му припадне МВП наградата оваа сезона, а како главни фаворити за нејзино освојување се неколку кошаркари. Според легендарниот Меџик Џонсон таа треба да заврши во рацете на српскиот интернационалец – Никола Јокиќ.

  • Леброн Џејмс и Џоел Ембид ја почнаа сезоната како најсериозни кандидати за МВП, а добар период имаше и Стеф Кари. Но, дефинитивно најконстантен сезонава е Јокиќ, кој во последно време игра фантастично носејќи му скор 9-1 на својот тим откако во него ја нема најголемата ѕвезда, Џамал Мареј. Со тоа, Србинот покажа дека е достоен да биде прогласен за МВП, изјави Меџик.