Јовиќ главен во нападот

60

Лондонскиот премиерлигаш Челзи е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на српскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Ајнтрахт од Франкфурт, Лука Јовиќ.

Најдобриот стрелец во Бундес лигата веќе го привлече вниманието на најголемите ривали во шпанската Примера дивизион, Барселона и Реал (М), кои сигурно ќе испратат официјална понуда за време на летниот преоден рок.

Неофицијално, лондонските “сини” се подготвени да одвојат околу 45 мил. евра за обештетувањето на репрезентативецот на Србија.