Јовановски, Јанева и Милески во обвинителната клупа- почнува судењето за „Рекет“

71

Почнува судењето за случајот „Рекет“. Бојан Јовановски – Боки 13, ексшефицата на СЈО Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец веќе се во Кривичен суд.

Јовановски е спроведен од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, додека Јанева и Милески беа донесени од нивните живеалишта во Скопје каде издржуваат куќен притвор.

Неизвесно е дали тие ќе ја признаат вината или ќе го отфрлат обвинителниот акт на тимот од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција предводен од шефицата Вилма Русковска.