Јована и Жељко Јоксимовиќ трипати го кажаа судбоносното „ДА“!

656

Околу познатата српска ТВ-водителка Јована Јоксимовиќ, која е и сопруга на пејачот Жељко Јоскимовиќ, постојано се вртат некои приказни. Така и сега, откако во јавноста исплива приказната дека Јована и Жељко дури трипати си го кажувале судбоносното “да“. Жељко и Јована најпрво се венчаа на Малдиви на 20 јануари 2012 година, но по враќањето во Србија настанаа вистински перипетии околу признавањето на тој брак. Поради тоа уште еднаш се венчаа во присуство на сведоци во нивниот стан во Белград, а во 2014 година уживаа во црковната венчавка и свадбената веселба, на кои присуствуваа многу познати српски личности.
Кога пред девет години се омажи за Жељко на Малдивите, Јована беше облечена во прекрасен бел фустан кој одлично и се вклопи со тиркизната боја на океанот.          Цветно венче во косата, едноставен букет и плажа беа сè што беше потребно за оваа бајка да се случи на волшебен начин.                                                                        Но, иако беше така, нивниот брак регистриран во туѓа земја, не беше признат во нивната родна земја, во Србија, па се случија разни компликации за новата регистрација. Така што црковната венчавка се случи две години подоцна, кога во црквата “Александар Невски“ на Дорќол, Јована и Жељко го кажаа тоа судбоносно „да“ пред бога.
Јована беше во скапа венчаница од тантела, која за неа ја дизајнираше Дарко Костиќ, а во раце го носеше синот.
Тогаш на големата свадбена веселба се собрала српската политичко-естрадна и актерска елита: Драган Бјелогрлиќ, Саша Матиќ, Халид Муслимовиќ, Зорица Брунцлик, Ана Бекута и многу други.
Меѓутоа веселбата ја расипаа пејачката Цеца и политичарот Чеда Јовановиќ кои се постојано во жестока кавга. Настанала немила ситуација, па Цеца мораше да побара посебна маса за себе на безбедна далечина од Чеда. Кум на свадбата им беше водителот Срѓан Предојевиќ со кој Јована водеше утрински ТВ-програми на различни телевизии. Во меѓувреме се скараа, Јована го оптужи Срѓан за измама, а и тој неа. Така што сега тие како кумови не комуницираат. Срамота, но тоа е!